Објектите и дејностите кои нè ангажираа да го изработиме елаборатот за заштита на Животната Средина според законот на РМ, и притоа добија одобрение за истиот од надлежниот орган, ги обележуваме како „Пријатели на Животната Средина“, со поставување на оваа ознака на видно место во објектот:
Ознаката ќе значи дека објектот го испочитувал законот на РМ, кој е донесен со цел да ја заштити нашата животна средина, и да ги намали штетните влијанија врз истата.
Ќе значи дека објектот се грижи за заштита и унапредување на животната средина, па со тоа го стекнува и епитетот „Пријател на Животната Средина“
Се соочуваме со големи здравствени и климатски промени, предизвикани од загадувањата на новото време. Со преземање на првите мали чекори кон заштита на животната средина, придонесуваме за поздраво и почисто утре!