Пријатели на животната средина (ознака)

Објектите и дејностите кои нè ангажираа да го изработиме елаборатот за заштита на Животната Средина според законот на РМ, и притоа добија одобрение за истиот од надлежниот орган, ги обележуваме како „Пријатели на Животната Средина“, со поставување на оваа ознака на видно место во објектот:
Bojan Nalepnica

Ознаката ќе значи дека објектот го испочитувал законот на РМ, кој е донесен со цел да ја заштити нашата животна средина, и да ги намали штетните влијанија врз истата.
Ќе значи дека објектот се грижи за заштита и унапредување на животната средина, па со тоа го стекнува и епитетот „Пријател на Животната Средина

Се соочуваме со големи здравствени и климатски промени, предизвикани од загадувањата на новото време. Со преземање на првите мали чекори кон заштита на животната средина, придонесуваме за поздраво и почисто утре!

Еко Етикета од Европска Унија

ecolabel     СЕГА И ВО МАКЕДОНИЈА! 


Дел од стопанските гранки во Р. Македонија, сега имаат можност да се стекнат со ЕКО Етикета, препознаена од Европската Унија. Замислете, кога би можеле да ја надградите понудата за сместување на туристите од Европа па и од светот, со стекнување на ЕКО Етикета, етикета која ќе Ве обележи како пријатели на животната средина…

Вреди!

– ЕКО Етикетата дава полесен избор на гостинот.

– Препознаена е низ цела Европа. Таа ја зголемува вредноста на Вашата понуда низ целиот континент.

– ЕКО Етикетата додава вредност на Вашиот бизнис, понуда и производи бидејќи ја зголемува репутацијата, покажува социјална одговорност и зголемува профит.

 

Посетете го линкот (со кликање на ТУКА) за да прочитате неколку успешни приказни

 

Ние знаеме како до ЕКО Етикета.