За Нас

– Кратка историја

Еко Стилинг постои веќе 19 години. Основана од домашен капитал, понесена од долгогодишното искуство од АД ПОДОГРАДБА – Македонија, беше родена идеа а потоа и  иницијатива за сопствено организирање. Го искористивме искуството да се етаблираме на кревкиот македонски пазар, како едни од најпрофесионалните инженери – архитекти за проектирање, ентериери и внатрешно уредување. Откако ја откривме потребата од подигнување на свеста за заштитата на нашата животна средина, поставивме нови стандарди во работењето, со цел да се справиме со предизвикот и потребата на нашите клиенти кои беа и се засегнати и на директен или индиректен начин влијаат врз животната средина. Со цел да ја постигнеме нашата цел, се стекнавме со знаење во оваа ранлива област и научивме како да пристапиме кон обезбедување на услугите и да ги испочитуваме законските регулативи од Законот за Животна Средина на РМ.

 – Мисија и визија

Нашата визија е да продолжиме да се стремиме кон пораст, развивање на нови техники, збогатување со нови знаења преку едукација, тековното работење, учество во разни семинари, студии и дискусии и најважното – следење на европските и светските постапки во подигнување на свеста и подобра заштита на животната средина.

Нашата мисија е да помогнеме на секој начин кој знаеме и умееме, да обезбедиме поквалитетна иднина и место за живеење од аспект на животна средина, на сегашните и идните генерации.